Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Костовски до Оџата од Бутел 2: Треба да проповедаш за тоа што учи Исламот, а не да кажуваш да не се гласа за мене само затоа што сум Македонец

„Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Aлбанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е Македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел)“, објави кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Бутел, Дарко Костовски.

Што ти пречи Оџа? Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца? Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада? Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода? Тоа што Визбегово доби ново училиште? Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра? Тоа што пред нова година ќе удриме камем темелник на нова поликлиника? И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај Aлбанците само затоа што се албанци? Еден куп Aлбанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.

Да знаеш дека во недела, целиот народ меѓу кои и Албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување. Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца.