Реклама

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Македонија

Костовски: Бутел бележи силен развој со рекордни инвестиции во образованието, спортот и инфраструктурата

Почитувани граѓани на општина Бутел, Речиси измина една година од мојот втор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани на општина Бутел, Речиси измина една година од мојот втор мандат откако ја преземав  функцијата градоначалник. Работиме макотрпно и проектите се видливи. За оваа година се направија многу проекти, нови улици, паркови, нови спортско-рекреативни комплекси и игралишта. Општина Бутел доживеа вистинска промена, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од дешената прес-конференција на Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.

Во изминатата година работевме посветено, одговорно и со јасна цел – Бутел да биде поуреден, побезбеден, почист и подобро место за живеење за сите наши жители.

Не ветувавме невозможни работи. Ветивме работа и решавање на реални проблеми со кои секојдневно се соочуваат нашите граѓани.

Реклама

Овие се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел.

Изминатиот период е период на кој сум особено горд, период во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна Општина Бутел.

Го започнавме водоводот во Љубанци и Љуботен. Капитален проект кој значи живот за овие две населени места.

Направивме рекордни инвестиции во образованието. Училиште во Визбегово кое е во вредност од 106.000.000 денари е веќе завршено.

Изградивме нова надградба на ООУ „Ацо Шопов“, а во истото училиште започна да се гради и нов затворен базен. Општинските основни училишта добија и нови енергетско-ефикасни фасади.

Инвестиравме и во детските градинки. Се изградија две нови детски градинки во Бутел 2 и Бутел 1, а во сите останати клонови е променет мебелот и дечињата имаат нови модерни играчки.

Општина Бутел го држи приматот на најспортска општина во Република Македонија. Инвестиравме во спортот и спортската инфраструктура како никогаш досега.

Изградени се 5 нови спортско-рекреативни центри, а во изградба се уште 3 нови.

За 5 години успеавме да асфалтираме улици како за 20 години претходно. Ги реконструиравме клучните сообраќајници во нашата општина, а најголем дел од улиците за прв пат добија асфалт.

Го уредивме речното корито на река Серава во должина од 1800 метри со трим патека и голем парк.

Радишани доби нов голем парк со голем плоштад. Нешто што беше ветувано со децении.

Изградени се над 30 спортски и детски игралишта во сите населени места.

Но, тука не застануваме!

Со голем интензитет се гради новиот мега парк на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Градиме нова пешачка патека покрај река Серава во населеното место Бутел 1. За прв пат во општина Бутел се градат и два моста, од кои едниот е веќе во завршна фаза.

За брзо започнуваме со изградба и на нова модерна поликлиника за која во целост се обезбедени финансиски средства и завршена е целосна тендерска постапка, ќе се започне со проектирање на секундарната мрежа за вода во Љубанци и Љуботен. Ќе се градат и нови спортско-рекреативни центри, ќе се реконструираат и нови клучни улици и многу други проекти кои ги ветивме пред нашите граѓани.

Ќе започнеме и со доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, а населеното место Визбегово ќе добие нова детска градинка.

Општина Бутел ќе добие  нов модерен дом на културата.

Безбедноста на граѓаните е приоритет.

Во изминатата година започнавме и реализиравме активности за поголема безбедност. Наскоро сите јавни површини ќе бидат со видеонадзор.

Целта е превенција, поголема безбедност и заштита на јавниот имот.

Јавниот простор мора да биде безбеден за секој граѓанин.

Почитувани,

Секој нов метар асфалт, секоја нова патека, секое уредено место значи подобри услови за живот.

Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани.

Продолжуваме со уште посилно темпо!

За модерна, урбана и европска Општина Бутел!