Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Костадинов: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија на МТВ, ја побара поддршката од граѓаните за наредниот мандат и ја презентираше својата програма, се вели во соопштението од СДСМ.

„Ја барам поддршката од граѓаните на општина Валандово, за сите заедно да продолжиме да создаваме локална средина во која ќе се чувствуваме достоинствено, слободно, која ќе напредува во секоја сфера, на секое поле, која ќе напредува како што изминатиот период одеше напред и да продолжиме отворено, чесно, стабилно, да го развиваме Валандово кое секојдневно ќе напредува и ќе биде подобро и подобро“, рече Костадинов.

Од својата програма Костадинов истакна носење на урбанистички планови за градот и население места, продолжување на комплетно бесплатните градинки во општината, стипендирање на учениците, средношколците и маргинализираните групи.

Реклама

„Поддршката за граѓаните драстично ја прошируваме, 10 милиони денари за започнување семејни и нови бизниси, 5 милиони за граѓански здруженија и организации, 2 милиони денари за нашите пензионери. Субвенцијата за новореденче ќе се зголеми од 5 на 30.000 денари. Продолжуваме да ги враќаме парите кај граѓните, секој граѓанин да сфати дека неговиот данок е вратен за подобри услови, за млади, возрасни за секој граѓанин, многу е значајно тоа да продолжиме да го правиме“, нагласи Костадинов.

Тој посочи дека со програмата се воведува селектирање на отпад, секое домаќинство ќе добие корпи за селектирање на отпад, а контејнерите во Валандово ќе отидат во историја.

По решавањето на неизвесната иднина на Валандово, на кое му се закануваше од една од најеколошките општини, да стане рударско окно, во општината се инвестирани 24 милиони евра за наводнување, градинки, учиишта во капитални инвестиции за граѓаните, нагласи Костадинов, и потсети дека неговиот против кандидат се залагал за отворање на рудникот, но и дека како носител на бројни јавни функции од 2004 година не направил ништо за Валандово.

Исто така треба да го потсетиме ако не знае, а многу добро знае дека како пратеник гласаше против водоводен систем во Удово и во Јосифово, затоа тие не може да зборуваат што направиле 20 години, а биле на функција, а што сме направиле ние, ние можеме да зборуваме, бидејќи сме направиле многу, рече Костадинов, додавајќи дека во Удово, веќе е потпишан договор со МЖС и во тек е реализацијата на третата последна фаза од новиот водоснабдителен систем, тоа го знаат сите граѓани и нема потреба да се прават физибилити студии бидејќи проектите се реализираат.

Костадинов посочи дека Валандово е при врвот на институции во државата според транспарентност и лидер во локалната демократија, што е потврдено и од меѓународни институции. 

Не смееме да заборавиме и посебно стопанството во Валандово не смее да заборави низ какви се реперкусии помина во минатото, кога живееше во период на класични закани и на класични опструкции, посебно од оние луѓе кои сега сакаат да се претстават како нови и на граѓанството во Валандово да му направат една колективна амнезија. Тоа е невозможно да се случи, бидеји секој еден граѓанин во Валандово знае како живеел тогаш и како живее сега, порача кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов.