Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Костадинов: Нов парк, спортска зона, безбеден сообраќај и силна поддршка за граѓаните, развојот на Валандово да продолжи

Граѓаните гледаат што е направено и како се создаваат услови за развој.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните гледаат што е направено и како се создаваат услови за развој. Заедно со нив, и во следниот мандат, ќе работиме Валандово да остане град на сите, демократски, економски стабилен и со перспектива за иднината, рече кандидатот за градоначалник на Валандово, Перо Костадинов од СДСМ, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Тој ја претстави својата програма за модерно и урбано Валандово, во која најави дека ќе ги заврши веќе започнатите проекти и ќе отпочне нови.

„Нашата програма се темели на пет столба. Прво, Валандово за сите, што значи дека ги враќаме парите кон граѓаните: 10 милиони денари за мали и семејни бизниси, 5 милиони денари на годишно ниво за невладините организации и 2 милиони за пензионерите. Вториот столб е сигурно и безбедно Валандово – столб кој што е создаден заеднички со граѓаните. Обезбедуваме во Валандово отворање на нови паркинг-места, минимум 150 во градот, воведување на еднонасочен сообраќај во делови од градот, реконструкција на тротоарите во градот и во поголемите населени места, како и сообраќајно решение со кружен тек – еден поголем на булеварот „Првомајска“ и два помали кружни тека за зголемување на безбедноста и сигурноста во нашето Валандово“, потенцираше Костадинов.

Реклама

Во програмата е и „Еко Валандово“, каде секое домаќинство ќе добие канти за селекција на отпадот. Потоа, развој на културата: освен што е вратено градското кино во Валандово, сега ќе се реконструира и градската библиотека. На планот на петтиот столб, се продолжува со создавање подобри услови за спорт и рекреација, изградба и реконструкција на игралиштата, отворање на спортски сали по училиштата низ населените места. „Најавуваме комплетно нова спортско-рекреативна зона во Валандово со име Калинка, која ќе опфаќа: градски парк (комплетно нов), реконструкција на градскиот фудбалски стадион, помошно игралиште, нови елементи и балон-сала за мал фудбал. Тоа ќе се наоѓа во близина каде што сега ќе се гради и затворениот базен во Валандово,“ потенцираше Костадинов.

Во дебатата Костадинов се осврна и на рудникот „Казандол“ и нагласи дека Валандово беше сериозно загрозено да стане рударска општина, потсетувајќи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за рудникот „Казандол“. Граѓаните, со собирање потписи, референдум и арбитражни одлуки, успеаја да го заштитат градот.

„Отворање на рударски комплекс не е опција. Ние сега треба да дискутираме за нови водоводи и за чиста и здрава вода, за проекти поврзани со канализациони системи или слично, кога Валандово беше под опасност да биде раселено. И тоа стоеше во самата студија – дека целото населено место Казандол треба да биде раселено. Валандово заслужува чиста вода, инфраструктура, канализација и здрав живот за граѓаните, и ние успеавме во тоа,“ истакна Костадинов.