Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни.

Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

-Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјавил Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

Реклама

Кошта ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи со Сараево денеска. Во вторник, на 2 јуни, тој ќе биде во Тирана, потоа ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Следниот ден, среда, 3 јуни,  Кошта ќе се упати кон Приштина, додека во четврток, 4 јуни, ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

На 5 јуни, претседателот на Европскиот совет, Кошта, ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

Премиерот Христијан Мицкоски на 29 мај изјави дека очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање. 

Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема простор ниту милиметар повеќе да се отстапува идентитетски, зашто, посочи, „оваа држава и граѓаните на Македонија дадоа премногу изминатите децении, а за возврат добивме ништо или многу малку и повторно имаме билатерални барања пред нас“.

– Со претседателот на Европскиот совет, Кошта, досега имаме исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи, мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко билатерално барање што го има една земја-членка кон Македонија. Се надевам дека и во таа насока ќе продолжиме и во иднина и сигурен сум дека неговото присуство тука, и за време на нашата билатерална средба, а потоа и на работната вечера, ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали и како може да се да се надмине пречката, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.

Многупати, псоочи премиерот, се кажани македонските позиции и „би било некултурно да се очекува да се промени ставот преку ноќ, бидејќи не се исполнети предусловите што ние очекуваме да бидат исполнети, а кои ги заслужуваме“.

-За жал, ова е резултат на една национално исплакната ненационална политика на една претходна влада која со своите авантуристички потези создаде состојба во која прво ги разочара своите граѓани, бидејќи граѓаните не сакаат да гледаат влада која, наместо да ги штити националните интереси, е главен промотор на мекотелните политики, посебно принципот на коленичење на меѓународна сцена и себепонижување. И второ, со таквите авантуристички политики дефинитивно го закочи процесот на отпочнување на преговори на нашата земја со ЕУ. Но, ние како Влада нема сега да очајуваме, тоа е што е, таа е ситуацијата, таа е реалноста. Ќе се обидеме да бараме решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани, рече Мицкоски.

Не сме подготвени, подвлече премиерот, да влеземе во дополнителна авантура без да има јасно крај на овој процес.