Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

🎥 Кошта: На Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Да реализираме се што сме потпишале, а тие ќе ни гарантирале дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да реализираме се што сме потпишале, а тие ќе ни гарантирале дека нема бугарите да ни бараат ништо ново, оваа порака ни ја испрати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по вчерашната средба со бугарскиот премиер Розен Жељасков.

Кошта, порача дека Македонија морала да ги исполни обврските од договорот од 2022 година за да напредува кон Европската Унија. Тој изјави дека е лично вклучен во процесот и очекува напредок по локалните избори во земјава.

„Ги посетив и Бугарија и Северна Македонија. Разговарав многу пати со премиерот, со претседателот Радев, со претседателот на Северна Македонија, со премиерот Мицкоски. И верувам дека по изборниот период, кој моментално е во Северна Македонија, можеме да разговараме и некако да постигнеме напредок во овој процес. Северна Македонија долго време работи на овој процес“, рекол Кошта.

Реклама

На оваа средба, и бугарскиот премиер Жељазков испратил иста и континуирана порака, пренесоа бугарските медиуми– единствениот пат за Скопје е целосно спроведување на договорите, без можност за нивна ревизија. И тој како и нивниот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, негодува за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на на протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

„Жалбата до Уставниот суд е апсолутно неоправдана. Очекуваме почитување на правата на бугарското малцинство и нивно внесување во Уставот. Тоа е предуслов за европскиот пат на Северна Македонија.“, рекоч Росен Жељазков, премиер на Бугарија

Во исто време, Георгиев, во писмо до министрите на земјите членки на ЕУ, како и до високата претставничка Каја Калас и еврокомесарката Марта Кос, изрази загриженост од, како што вели, континуираното одбивање на Македонија да го спроведе Договорот со Бугарија.

Георгиев ја обвини владата во Скопје дека наместо исполнување на обврските, води политика на конфронтација и провокации, посочувајќи ја токму иницијативата до Уставниот суд за протоколот од 2022 година.

За ваквите тврдења, претседателката на дражвава   Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека ѝ е непријатно да коментира, како што рече, за работа на Уставниот суд.

Пораките од Софија се јасни – Скопје мора да го спроведе ова што владата на СДСМ го потпиша за да остане на европскиот пат. А токму и социјал-демократите се чини дека се на иста линија со бугарските политичари. Лидерот на СДСМ, Филипче вели да ги внесеме бугарите во Уставот, оти нема што да се чекало.