Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Контрола во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Од денеска се „чешла“ едно од клучните делови на јавното обвинителство, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска се „чешла“ едно од клучните делови на јавното обвинителство, а тоа е токму оној дел кој гони организиран криминал и корупција.

Со одлука на Јавниот обвинител на Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходно, согласно надлежностите на Републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од законот за Јавното обвинителство и правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од советот на јавните обвинители.

Реклама

До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Македонија и над Канцеларијата за врски со европравда во Републичкото обвинителство.