Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Контрола на боледувањата кај вработените во МВР – едно од пет боледувања се неправилни

Еден полицаец четири пати менувал матичен лекар за да направи лажно боледување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден полицаец четири пати менувал матичен лекар за да направи лажно боледување. Контролите на Фондот пронајдоа повторно голем број злоупотреби на боледувања. При контролата, 80 вработени во МВР искористиле 514 боледувања во втората половина од 2025 година. Дваесет и девет од нив имале 100 неуредни боледувања. Од 105 приватни здравствени установи, пак, неправилности биле констатирани кај 29, од кои 27 од општа медицина и две од гинекологија.

Причините за овие злоупотреби директорот Клековски ги гледа во високите суми кои што ги земаат за боледувања во државните институции, а тоа се 80 или 90 проценти од платата.

„Контролирани се јавни здравствени установи, бидејќи извештаите се издаваат од специјалистите, а контролирани се и првостепените и второстепените лекарски комисии за долгите боледувања. Најчести недостатоци се непочитување на задолжителните дијагностички постапки. Чисто за илустрација, ако имате рендген за лумбаго, имате лумбаго. Ова е само еден мал дел од извршените контроли. Најчесто боледувањата се проблем во јавниот сектор – МВР, Одбрана и Царина се меѓу почестите, имаме значителен број и од јавното здравство, но немаме барања од работодавачите. Најчесто се од респираторниот систем – 82 случаи, мускулен систем и дигестивен систем. Има 10 случаи каде што се менувани матичните доктори“, изјави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Реклама

За сите неправилности за боледувањата во државните институции во тек се постапки за казни во износ од 1,2 милиони денари. Акцијата е дел од засилените контроли врз боледувањата во јавниот сектор, каде изминативе години се регистрирани многу сомнежи за злоупотреби на истите. Клековски вели дека и понатаму ќе ги „чешлаат“ институциите, посебно каде што имаат сознанија и сомнежи за злоупотреби на боледувања. Оваа акција која ја спроведува Фондот за здравство е со цел да се најдат недостатоците во системот, бидејќи во државата не се знае точната бројка колку вработени во моментов се на боледување. За да се надмине овој проблем, во иднина ќе се заострат правилата за издавање на боледување.