Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

По повеќе од една деценија се обновува есенцијалната листа на лекови. Целта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од една деценија се обновува есенцијалната листа на лекови. Целта на надлежните е да се олесни пристапот до потребната терапија. Ако досега пациент со хронична болест морал сам да купува поскап лек бидејќи не бил на листа, сега има шанса тој лек да биде покриен. Со ажурирањето за првпат се додаваат средства за контрацепција и терапии за откажување од пушење.

“Листата е клучен инструмент за обезбедување основни терапии од значење за јавното здравје, како и за нивно вклучување во системот на здравствено осигурување. Првпат, во листата се вклучени лекови за контрацепција и никотин-заменска терапија, со што се проширува опфатот на здравствени услуги и се одговара на современите здравствени потреби на населението”, информираше министерот Алиу.

Експертите велат дека со модренизирање на есенцијалната листа на лекови здравствените власти добиваат јасна слика од кои болести најмногу се лекуваат пациентите, кои терапии се најбарани и колку ќе чини нивната набавка. Ажурирањето се прави според препораки на СЗО.

Реклама

“Она што е важно, кога лековите се наоѓаат на есенцијалната листа значи препознавање и од страна на државата за неопходноста на нивното присуство во земјата да бидат полесно достапни. И матичните лекари кои ќе ја имаат во предвид есенцијалната листа кога ќе видат дека ги има тие препрати достапната ќе се зголеми и тие ќе ги препишуваат” – вели д-р Зоран Стерјев, од Националната платформа за лекови.

Овој пат листата се осврунува не само на лекувањето туку и на превенцијата. Сето ова е темел на здравствената заштита иако ова не е исто со позитивната листа сепак ми е мило што националната листа на лекови е усогласена со платформата на СЗО и им ги става на рапсолагање овие лекови на пацинетите велат од СЗО.

Со новиот закон, листата ќе се обновува на секои две години, што треба да обезбеди постојано усогласување со современите медицински практики.