Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Конституирано Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на СЕ за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани воедно и претседавач…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани воедно и претседавач на Националното координативно тело за  имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, денеска ја отвори конститутивната седница на ова тело.

Како што соопштија од Министерството, Лимани го нагласил значењето на ова тело чии заложби се насочени кон унапредување на заштитата на  жените жртви на насилство и семејното насилство. Тој при тоа се осврнал на досегашните преземени акции на државата со цел подобра подготвеност за превенција, заштита и спречување на насилството врз жените и семејното насилство, од ратификацијата на Истанбулската конвенција, потоа подготовката на Акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство 2018-2023,  2024 год, евалуација на истиот. Потоа на носењето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, каде се нагласува улогата на Националното координативно тело со конкретни надлежности, подготвување на осумгодишна Национална стратегија, со четиригодишни акциски планови и годишни планови.

-Во изминатиот период како Министерство, преземаме низа мерки и активности за подобрување на системот за превенција и заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство преку унапредување на  националната легислатива, подзаконски акти, документи,  јакнење на капацитетите на стручните лица преку реализирање на обуки, проширување на мрежата на специјализирани услуги за жртвите и организирање на кампањи. Ве уверувам дека Владата на Република Северна Македонија, ги потврдува своите заложби за преземање на сите неопходни мерки за  елиминирање на сите форми на насилство, рекол Лимани.

Реклама

На седницата, се наведува во соопштението, биле подетално претставени сите документи и активности кои се донесени и реализирани, како и соработката со меѓународните и граѓанските чинители.