Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Конституиран новиот состав на Советот на град Скопје- Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател

Новиот состав на советот на град Скопје го започна својот мандат. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот состав на советот на град Скопје го започна својот мандат. По верификацијата на мандатите на новите членови,  беше избран претседател на советот на Град Скопје.. довербата ја доби Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше предложен од координаторот на советничката група на партијата, Луке Галевски. Димитровски доби 23 гласа, од советниците на ВМРО-ДПМНЕ , Вреди и Знам..Новиот претседател го започна својот мандат со најава дека ќе се залага за подобар и почист главен град, подобар јавен превоз, подигнување на културата и фокус на младите. Како што вели тој, клучните принципи ќе бидат транспарентноста и  дигиталната достапност за граѓаните.

„Како претседател ќе се залагам и за три клучни принципи во работата на советот. Прво  транспарентност, секој граѓанин има право да знае како се носат одлуките, каде се трошат јавните сретства и како ќе се реализираат проектите и ќе ги отвориме вратите за јавноста. Ќе промовираме дигитална достапност и отчетност во секој чекор на советот.“– изјави Даме Димитровски, претседателот на Советот на град Скопје.

Во чест на почетокот со работа на новиот состав на советот, градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски испрати порака- Скопје веќе нема да биде депонија, туку град на ред, чистота и визија. од Советот, како што вели тој, очекува да биде извор на идеи а не на поделби.

Реклама

„Во наредниов период ќе се фокусираме на неколку клучни приоритети. Да обезбедиме ефикасен јавен превоз, но и да го модернизираме, кој ќе ги поврзува сите делови од нашиот град. Ќе вложуваме во нови автобуси, подобрување на сообраќајната сигнализација и безбедноста на нашите улици. Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата.“– изјави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во новиот состав на советот на Град Скопје мнозонство има коалицијата вмро дпмне, вред и знам со 23 советници.. најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ, односно 18 советници. По шест советници имаат Коалицијата Вреди, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ имаат пет, а еден советник има Знам. Во 45-члениот совет влегуваат и член на Искуство за успех и двајца независни советници.