Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Коњановски: Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и истрајност

Со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена на плоштадот „Гоце Делчев“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена на плоштадот „Гоце Делчев“ и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“, денес во Битола беше одбележан големиот државен празник Илинден.

Пред 123 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата борба за слобода, а пред 82 година АСНОМ ја зацврсти идејата за независна држава. Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и истрајност, посочи градоначалникот Тони Коњановски, на свеченостите во Битола.

-Од Илинденското востание и Крушевската република, преку Првото заседание на АСНОМ, до денешната независна Македонија, ја чуваме заветната мисла на нашите херои државата се гради со љубов, посветеност и борба за заедничка иднина. Ова парче земја, пребогато со историја, традиција и култура, во минатото било подрачје на судири и аспирации, но токму преку денешнот празник, е искажан нашиот вековен стремеж за слобода, за нашиот идентитет, јазик и култура. Денешниот Илинден нека ни биде своевиден патоказ, низ кој преку идеалите на нашите Илинденци, ќе научиме како сите заедно, да стигнеме до нашата подобра иднина, да оставиме подобро утре за нашите поколенија, да бидеме столб за нивната сигурност, нагласи Коњановски.

Реклама

На локалните свечености во Битола учествуваа претставници на Општинскиот сојуз на борци, членови на Советот на Општина Битола, претставници на здруженија на граѓани и политички ограноци од градот.