Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Конференција: На младите треба да им се даде можност да ги поттикнат и промените и реформите

Младите од Западен Балкан ја гледаат иднината во Европската Унија и веруваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите од Западен Балкан ја гледаат иднината во Европската Унија и веруваат во промени, бидејќи се прилично разочарани и демотивирани од состојбата во своите земји, алармираат невладините, повикувајќи се на истражувањата на јавното мислење. Започнувајќи од корупцијата, интернет-злоупотребите и несоодветниот образовен систем, како и проблемите со вработувањето – според младите, тоа се главните причини за демотивираноста и промени треба да се случуваат токму во овие сфери.

„Европската унија и нашето вклучување во неа нема да се одлучува во Брисел, туку во регионот, во секоја од земјите, а најмногу онаму каде што младите ќе бидат вклучени. Младите велиме дека се иднината, но младите се и нашата сегашност. Ние мораме не да зборуваме во името на младите, туку младите треба да зборуваат во своето име. На младите треба да им дадеме простор да се вклучат и да ги превземат клучните позиции и да бараат решенија и за себе и за нас, односно да ги поттикнат и промените и реформите.“, изјави Бињана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентарот

Надлежните испраќаат порака дека гласот на младите е важен и се слуша – да не ги потценуваат своите идеи, да бидат храбри и да бараат промени.

Реклама

„Како припадник на министерството за социјална политика, демографија и млади, можам да кажам дека нашето министерство навистина верува во младите кои ќе носат нови можности и ќе бидат во сржта на системот кој на секое младо лице ќе му овозможи подобри можности за образование, вработување, учество во донесувањето одлуки, и ние сакаме да помогнеме во изградба на таквиот систем, зашто најважно е тој систем да биде успешен. Тоа ќе биде само ако младите се дел од неговото создавање.“, изјави Фатмир Сабриу, државен секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Дел од предлозите кои произлегоа од конференцијата „Младите од Западен Балкан и Европската Унија: Обликување на нашата заедничка иднина“ се да се обезбедат механизми за поддршка на млади мајки, како и идејата за практични вежби во средните училишта за медиумска и финансиска писменост и претприемништвото.

Според една од последните анкети, иако 41% од младите во Македонија имаат позитивен став кон Европската унија, речиси половина од нив не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Ова го покажува истражувањето спроведено во јуни 2025 година, во соработка со платформата „Студентарија“.