Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Конференција: Да се исполнат потребите на индустријата, успехот од средното стручно да се преслика и во високото образование

Стопанската комора на Северна Македонија денеска организираше конференција „Градење иднина – практични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанската комора на Северна Македонија денеска организираше конференција „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, во рамки на проектот „Образование за вработување во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Скопје. 

Антони Пешев, извршен директор на Комората, пред почетокот на конференцијата укажа на реформите што се неопходни во образованието за да се исполнат потребите на индустријата и да запре, како што рече фабрикувањето дипломи. 

-Замераме што во Македонија има фабрикација на дипломи, многу малку знаење. Ги повикуваме сите високообразовни институции да направат максимални напори да го подигнат нивото на образованието, како би можеле да одговораат на потребите на стопанството. Можеме да се пофалиме за сè што е направено во дуалното образование и целокупниот процес на реформите во средното стручно образование,  но да дадеме сигнал дека е време тоа да се направи и со  високото образование, истакна Пешев. 

Реклама

Порача дека „Македонија не смее да остане на страна од актуелните текови во светот“ кога неколкумина лидери на светски компании, рече, во изминатите неколку недели истакнале дека „во годините што следуваат на светот ќе му требаат многу повеќе луѓе со практични вештини отколку луѓе кои завршиле универзитет, а немаат соодветно знаење“.

-На сите ни е јасно дека му доаѓа крајот на понатамошното фабрикување на дипломи, а не фабрикување на квалитет, затоа што ако во минатото имавме ситуација во која технолошките иновации доаѓаа како олеснување, овојпат сме сите малку загрижени поради тоа што вештачката интелигенција ќе биде олеснување, но ќе биде и голем предизвик за значаен дел од работната сила. Очекуваме една навистина  соодветна независна акредитациска комисија, во која ќе има и надворешни лица, која ќе го оцени вистинскиот капацитет на овој огромен број на високообразовни институции што го товари пазарот на работана сила и прави голема забуна, истакна Пешев. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска  порача дека образованието во земјава во иднина треба да одговори на барањето на пазарот на труд. 

-Во овој момент особена посветеност имаме на стекнување вештини затоа што навистина во овој период сè повеќе ќе се бараат различни вештини. Стручното образование во Македонија станува една од најсилните алки во образовниот систем, не само во средното, туку веќе почнуваме да го воведуваме и во високото образование, изјави Јаневска. 

Како што рече, во средното стручно образование од една генерација од 17 илјади ученици, 12 илјади се запишуваат во средно стручно, од кои четири илјади во дуални паралелки.

-Интересно им е, и тоа е добро затоа што преку работа, преку пракса успеваат да стекнат одредени вештини и компетенции кои им се неопходни и, дополнително, државата ги стимулира  за дуалното образование со 1570 стипендии. Правиме сè за да постигнеме успех, за да понудиме на пазарот на трудот соодветна работна сила, што  генерално би значело задржување на нашите млади дома, во овие  компании во коишто тие учат и каде што се задоволни кога работат, рече министерката. 

Заменик-амбасадорката Михал Харари изјави дека Швајцарија е горда што ја поддржува Северна Македонија при зајакнување на соработката меѓу образовните институции и приватниот сектор која, рече, се гради врз нивниот успешен модел на дуалното образование.

-Дуалното стручно образование и обука започна како пилот иницијатива, и сега прерасна во еден препознаат пристап кој нуди придобивки – и за студентите и за компаниите, со што се усогласуваат  вештините со потребите на економијата. Со швајцарската поддршка принципите на партнерство, релевантност и практична обука, кои се покажаа успешни во средното образование, сега се применуваат и во високото образование. Швајцарија останува посветена на споделување знаење и поттикнување на иновации, конкурентност и можности за младинско вработување, рече Харари.