Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Конференција „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) денеска организира конференција „Бизнис со интегритет за конкурентна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) денеска организира конференција „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ на која ќе биде отворена темата за сѐ поголемото значење на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста, како предуслови за успешна и конкурентна економија.

Конференцијата ќе понуди практични согледувања за тоа како етичкото и одговорно работење придонесува за намалување на коруптивните ризици, гради доверба и отвора нови можности за развој, пристап до пазари и партнерства, вклучително и соработка со странски компании кои сѐ повеќе ги вреднуваат стандардите за интегритет кај домашните МСП.

Ќе присуствуваат високи претставници од институциите, меѓународната заедница и бизнис-секторот, а најавени се обраќања на Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото, КАС Југоисточна Европа, германската амбасадорка Петра Дрекслер и заменикот-шеф на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау.

Реклама

Како интегритетот и транспарентните бизнис практики ја зајакнуваат конкурентноста на МСП, ја зголемуваат довербата и го подобруваат деловното опкружување, е тема на панел-дискусијата на која, како што е најавено, ќе учествуваат заменик-претседател на Влада и министер за транспорт Александар Николоски, претседателот на ДКСК Адем Чучуљ, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, претседаталката на Асоцијацијата на бизнис жени Валентина Дисоска, како и финанскиот менаџер и офицер за усогласеност во Маркарт Македонија, Снежана Здравеска.

Конференцијата се организира во рамки на ЕУ кофинансираниот проект „Бизнис со интегритет Северна Македонија – Мобилизирање на малите и средните претпријатија (МСП) како лидери против корупција“.