Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Конференција: На македонската економија и требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи

Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани со реалниот пазар, беше речено на денешната конференција во Стопанската комора.

Како што порачаа учесниците, Македонија не смее веќе да произведува кадар со кој ќе го зголемува бројот на бирото на невработени и младите да ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.

-Високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развојот. Нам ни е потребна нова генерација инженери, технолози, ИТ експерти, машински и електроинженери, енергетичари, .. Потребни ни се практичари, не само теоретичари. Следните 10 години ќе победуваат државите со продуктивна индустрија, технолошка адаптација, сопствени иновации и стручен кадар кој создава додадена вредност, а таму треба да се најде и Македонија, истакна професорот Марјан Ѓуровски.

Реклама

Според него, студиските програми треба да се креираат заедно со стопанството.

-Колку луѓе досега дипломирале, но и колку од нив создале економска вредност? Образовната политика не е само административен сегмент. Високото образование мора да стане развојна, а не административна политика, напомена Ѓуровски.

Од Стопанската комора потенцираа дека не смее академијата и бизнисот да живеат во тотално различни светови.

-Неопходно ни е создавање кадар кој ќе одговори на новата, современа економија преку комбинација на теорија и пракса, но и преку континуирана соработка помеѓу образовните институции и бизнис заедницата. Денешната економија бара млади луѓе не само со диплома, туку и со практични вештини, млади кои поседуваат употребни компетенции, кои имаат критичко размислување, кои ќе носат одлуки, но и ќе бидат иновативни и креативни,  подвлече Наташа Јаневска, советник за образование во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора.

Претседателот на Комората Бранко Азески рече дека бизнисот сака оној што општеството го оспособува, да биде и практично корисен.

-Продуктивноста кај нас е најниско ниво. Ефикасноста е на најниско ниво. Може да се реши само на еден начин: високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија, си потпишала смртна пресуда, укажа Азески.

-Денес нема да разговараме само за високото образование, ќе разговараме за иднината на економијата, конкурентноста на државата и за тоа дали Македонија генерално во овие 35 години создаде вредност или ќе продолжува да извезува млади луѓе, нагласија учесниците на конференцијата.