Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Конечно е во функција евтината струја од 13 до 15 часот

Евтина тарифа, но и нови пресметки кои некои сметки ќе ги направат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евтина тарифа, но и нови пресметки кои некои сметки ќе ги направат поскапи. Првиот работен ден во 2024 година конечно ја донесе евтината тарифа за граѓаните кои ако сакаат да штедат ќе мора да внимаваат кога готват, пеглаат, пуштат машини за перење.. Од ЕВН за Алфа велат дека  со читањето на броилата од последната група, биле сетирани сите струјомери, освен оние до кои немале пристап како затворени објекти.

Екипите на електродистрибуција согласно претходно утврден план, во текот на целиот месец работеа на сетирање на броилата на дневна евтина тарифа . Сите броила се сетирани освен непристапните кои се наоѓаат во затворени објекти, викендици и слично. Тие ќе се сетираат во наредниот период и во првата дадена прилика, велат од ЕВН .

Од први јануари , струјомерите ги бројат потрошените киловати по новите цени.  Оние што се во прв блок треба да плаќаат поевтино за 5,16 проценти, во втор блок цената е иста, а во третиот и четвртиот блок повторно има покачување. ( тука телоп )

Реклама

ТЕЛОП – Цени по блокови

1 блок    стара цена 6,8                   – нова цена 6,5

2 блок    стара цена 7,5                   – нова цена 7,5

3 блок    стара цена 8,9                   – нова цена 9,2

4 блок    стара цена 19,3                  – нова цена 19,6

Овие цени се збир од цената на електричната енергија плус мрежарината, а сметките за струја имаат нова ставка „ пренос за мрежа “ која ќе чини 200 денари и ќе ја плаќаат сите за да имало фер распределба на трошоците на оние кои редовно трошат струја и оние кои имаат празни станови.  Власта уверува дека ќе има поевтина струја, но граѓаните сепак не се сигурнио во тоа и стравуваат дека поштарот во февруари сепак ќе им донесе повисоки сметки.

Дневната евтина тарифа беше воведена од 1-ви декември , ама не можеа сите веднаш да ја користат поради долготрајноста на сетирањето на броилата кое се одвиваше во четири фази.   

Околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок на потрошувачи, но нема бројка колку домаќинства точно се во прв, а  колку во втор блок. Но, многу лесно домаќинствата, особено оние кои се греат на струја можат од вториот  да преминат во третиот каде цената е повисока. Во ноември во споредба со октомври, 10 илјади домаќинства од првиот и вториот блок преминале во трет блок.