Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Конечно до решение за Универзалната сала – во понеделник ќе се изврши избор на изведувач

Универзална сала ќе блесне со нов сјај. В понеделник ќе биде донесена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзална сала ќе блесне со нов сјај. В понеделник ќе биде донесена одлука кој ќе биде изведувач на целосната обнова на овој значаен културен објект. По повеќе од една деценија Скопје ќе добие концертен простор по сите стандарди.

„Едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. Се информирав сабајле,  комисијата веќе работи, веќе се во завршна фаза и дека во понеделник ќе треба да се донесе одлуката за избор.“– вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Претходниот тендер, распишан лани, пропадна по што постапката беше вратена на почеток. Надлежните сега уверуваат дека обновата ќе заврши на време и салата ќе биде готова до 2028-та година кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата.

Реклама

Целата изградба треба да чини околу 20 милиони евра, распределени во три буџетски години.

Универзалната сала почна да се реновира предизборно, на крајот на мандатот на градоначалникот Петре Шилегов, а потоа градежните активности целосно запреа. Обновата продолжи по две години, но во април 2024-та избувна пожар на градилиштето по што работите повторно запреа.

Според проектот, новата Универзална сала треба да има капацитет од 1.200 седишта, наместо како претходно 1.500, но затоа ќе има поголема сцена и поширок простор за публиката. Надлежните велат дека ќе бидат запазени сите безбедносни и енергетски стандарди, а ќе биде вградена и најсовремена сценска техника.

Инаку Универзалната сала беше изградена во 1965-та година, како дел од постземјотресната обнова на Скопје, а низ децениите прерасна во култен културен објект.