Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Коњановски: Инфраструктурниот бум во Битола ќе продолжи и во наредните 4 години

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на она што е преземено и што ќе се презема во насока на заштита на животната средина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коњановски истакна дека донесувањето на генералниот урбанистички план, кој го започна оваа гарнитура, е решение како на инфраструктурните предизвици така и на предизвиците во животната средина, притоа тој ги посочи и двата капитални проекти со кои, како што рече тој, се дел од решенијата за справување со загадувањето, а тоа е проектот топлификација кој е во завршна фаза како и проектот пречистителна станица.

,,Делот на топлификацијата кој е во завршна фаза ќе воспостави 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво, пречистителната станица е на потег фактички припремните работи се веќе на терен, се прават. Два проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат во дел од загадувањето, она што го направивме е зелен катастар, многу обемна програма за енергетска ефикасност“, вели Коњановски.

Реклама

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Коњановски укажа и на инфраструктурниот бум кој ја карактеризираше Битола во изминатите 4 години, во кој период во Битола целосно се реконструираа улици во должина од 50 километри и најави дека и во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет.

„Во градот беше буквално инфраструктурен бум во изминативе 4 години и така ќе продолжи. Оние проекти кои ги изработивме, улици во должина од над 50 километри со комплетна реконструкција, комплетна инфраструктура, па се зафативме со два капитални проекти, влез кој никој немал храброст да го отпочне од едната страна и она другото што го планираме од страната на Охрид“, заклучи Коњановски.