Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Коњановски: Битола е град кој расте, се менува и модернизира

Битола е град кој денес се менува, расте, се развива и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битола е град кој денес се менува, расте, се развива и се модернизира, истакна градоначалникот Тони Коњановски на вечерашната свечена академија организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Пред гостите од градот, државата, но и делегации од збратимените градови од Украина, Бугарија, Србија и Турција, градоначалникот Коњановски потсети на минатото и повеќевековната битолска историја, и издвои акценти од неговата визија за градот во наредниот период.

-Нашиот фокус денес е ставен на одржлив развој и дигитална трансформација и затоа Битола станува град на нови можности. Битола е град со отворени врати за инвеститорите и иновативни проекти. Со гордост можам да кажам дека работиме на создавање услови за економски напредок преку поддршка на локалните компании, земјоделците и младите претприемачи. Ние отвораме можности за развој на туризмот како двигател на локалната економија затоа што нашата цел е јасна, Битола да биде град на младите, град во кој тие ќе сакаат да живеат и да останат тука, младите да го гледаат својот пат и успех што ќе го остварат во својот роден град, истакна Коњановски.

Реклама

На вечерашната свечена академија, градоначалникот Тони Коњановски го додели највисокото општинско признание, наградата за животно дело која оваа година му припадна на ликовниот уметник Панде Петровски.

-Наградата ја примам како награда од Општина Битола, а преку општината и како награда од моите сограѓани со што таа добива уште поголемо значење. На младите им препорачувам да работаат со верба дека и нивните дела ќе бидат стимулирани, вреднувани и наградувани, а најголема награда е нивното вградување во тој мозаичен и историски пат кој е вечен затоа што води кон бескрајната иднина, посочи Петровски.

Општина Битола додели и награди за годишни постигнувања во областа на културата и образованието кои им припаднаа на Игор Трајковски-Фоја, поет и драмски автор, Мартин  Мирчевски, актер и режисер во НУ Народен театар-Битола, Дарко Секуловски награден за културен придонес во промоцијата на градот и основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“-Битола посветено на лицата со посебни потреби.