Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО – ДПМНЕ во Битола

Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелн градоначалник на Битола, Тони Коњановски.

Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола.

-Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме таму каде што застанавме иако всушност ние никогаш не застанавме. Поддршката е огромна и тоа е огромна чест, но и одговорност за и понатаму да продолжиме заедно по патот кој го зацртавме. Огромна благодарност до сите граѓани, од сите етникуми затоа што Битола е мултикултурен и мултиетнички  центар. Оваа победа е заедничка. Оваа победа е победа на граѓаните на Битола кои го знаат патот по кој ќе продолжи градот, но и поактивно затоа што граѓаните препознаа што работевме во изминатите четири години, а така ќе продолжиме, истакна Коњановски.

Реклама

Старо-новиот градоначалник на Битола Тони Коњановски вечерва се заблагодари и на противкандидатите за фер и демократска битка.