Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

„Кoмунална хигиена“ има нов директор – Зошто Арсовска си играше со нервите на скопјани и политизираше?

Во последен час, градоначалничката Арсовска се спаси од кривичен прогон и именува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последен час, градоначалничката Арсовска се спаси од кривичен прогон и именува нов директор на „Комунална хигиена“ кој нема да дозволи Скопје да потоне во ѓубре. Последен ден за камионите што собираат ѓубре и возат на резерва, да можат со новиот потпис на директорот Александар Трајановски, да се наточат и да си ја вршат работата. Претходно, Управниот одбор на Комунална хигиена со писмо ја предупреди дека ако веднаш не именува нов директор, нема кој да потпише камионите, кои возат веќе на резерва, да натчат нафта. Членови на Управниот одбор, едногласно бараа од Арсовска веднаш да именува нов директор или вршител на должност, за да може претрпијатието да си ја врши работата.

Итна ургенција на Управниот одбор на Комунална хигиена 

За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјализираните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д. директор.

Реклама

Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ВАША.

Со ваквиот потег Арсовска практично призна дека таа е надлежна за именување на директор, а не како што самата тврдфеше и политизираше со критики кон власта. Управниот одбор го цитираше токму законот со кој целосно ја демантираат Градоначалничката која тврди дека Управниот одбор е тој што според Законот за јавни претпријатија е должен да именува и разрешува директори.

Член 40 од статутот на Комунална хигиена

Во случај на претстанок на мандатот на Директорот, по било кој основ, до именување на нов Директор, Градоналникот именува вршител на должност, Директор на Претпријатието.

Инаку, откако актуелниот директор Сабахудин Рустеми заедно со својот раководител заврши во притвор, градоначалничката Арсовска на Фејсбук го обвини премиерот Мицкоски за целиот хаос со ѓубрето во Скопје. Таа бараше од него да му наложи на Управниот одбор, кој е под ингренции на Градот, да одбере личност и да ја поставио за директор.

Комунална хигиена остана озбезглавена кога дирекорот Рустеми си поднесе оставка и заврши со лисици на рацете откако Обвинителството официјално почна да го гони дека заедно со неговиот раководител не го собирале сметот од главниот град цел месец и со тоа го загрозиле здравјето и животот на граѓаните. Рустеми се брани дека немал пари за да работи, но само шест дена пред апсењето, потпишал тендер тежок над 190 илјади евра за резервни делови и опрема за возниот парк.

https://youtu.be/DC4B2vJFxg0