Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Прилози

Комплексот „Македонско село“ се отвара на 19-ти јуни

Во полна пареа се подготовките за отварање на Македонско село. Комплексот, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во полна пареа се подготовките за отварање на Македонско село. Комплексот, кој со години беше запоставен и оставен да пропаѓа во периодот на претходната власт, повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители кои ќе добијат уникатна можност да го доживеат традиционалниот македонски амбиент.

На 19-ти јуни комплексот официјално ќе биде предаден на новиот концесионер „Ла Тераца“, кој ќе стопанисува со едно од најатрактивните обележја на метрополата и државата. Големото отворање под мотото „Да живее Македонија на едно место“ ќе биде на 25 јуни.

Покрај доста познатите македонски традицонални куќи од сите краеви на Македонија, каде што ќе можат да преноќат странски и домашни гости, концесионерот веќе подолг период работи на реновирање на старите како и на воведување на нови содржини.

Реклама

Концесионеркот ХСХ Груп има доста големо познавање и искуство во областа на угостителството, хотелиерството и туризмот. Оние кои ќе поминат низ портите на комплексот Македонско село ќе можат да го почуствуваат македонскиот традиционален дух.

Странските туристи и македонските посетители ќе имаат можност после 7 години повторно да го посетат најубавото и најатрактивното место во државата, ќе имаат можност да се запознаат со македонската традиција, храна и култура.

Македонско село се наоѓа во Нерези на Водно, во непосредна близина на Манастирскиот комплекс Свети Памнтелејмон.

Давид Крстевски