Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Компанијата „Нексан“ на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ дефинитивно стана сопственик на „Јелак градба“

Контроверзниот бизнисмен, Миодраг Дака Давидовиќ ,официјално стана сопственик на Шик Јелак,пишуваат дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Контроверзниот бизнисмен, Миодраг Дака Давидовиќ ,официјално стана сопственик на Шик Јелак,пишуваат дел од медиумите. Аферата за зделката на власта и бизнисменот, вредна 200 милиони евра , ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ минатата година.Опозицијата обвинуваше за криминал,во кој  Давидовиќ ветувал пари и земјиште за да го добие местото,и тука да гради огромен станбено-деловен комплекс, на што власта негираше.                                   

Инаку,Дака на јавноста и е познат од аудио бомбите кои ги пушти опозициската ВМРО ДПМНЕ пред изборите.Во разговорите јасно се слуша дека тој дал 300 илјади евра,за да му се завршат работите ,а дополнително ветува 2000 м2 земјиште и 2 милиони евра, доколку се заврши работата со Шик Јелак.

“Прво е спорно што слушнавме разговори во кои јасно е како одела шемата,второ, никој не ги демантираше средствата кои биле дадени, напротив, Дака кажа дека ги дал тие 300 илјади евра.Трето што е спорно, кажа дека се среќавал со Драги Рашкоски редовно, а зошто е важен Рашкоски, затоа што целата постапка за купување на земјиштето и објектите, оди преку него на најмалку три седници на Влада.И финанлно кажува дека имал и ќе има средби со Заев.И она што е најважно, после еден месец молчење, откако ја обелоденив аферата.Зоран Заев лично призна дека стојат позади таа работа“ – изјави Александар Николовски.

Реклама

Парцелата од 71.000 квадратни метри,минатат година доби нова намена- општина Тетово одлучи локацијата да се користи за домување и за трговски дејности. Планот беше изгласан во тетовскиот Совет само еден ден по формирањето на старо-новата влада на СДСМ-ДУИ. А насоки да гласаат, дал лично Премиерот,што и самиот го потврдил во телевизиско гостување.

 “Советниците во советот во општина Тетово ја консултираат централата. И да, насоката беше да гласаат, како што гласаа и другите од мнозинството. Во постапката на донесување на урбанистичките планови, јас сум мотиватор да се носат – изјави тогаш премиерот Заев.

 Скандалот со ДУП-от и Шик Јелак веднаш наиде на остри реакции во јавноста и негодување за големото бетонизирање,односно дека овој огромен комплекс урбанистички ќе го оптовари градот .Од  230 илјади квадратни метри, околу 80 000 се предвидени за деловни објекти, и дури 140 илјади за станови,односно, предвидени се да никнат неколку висококатници, со околу 2000 стана.

Милена Вучевска