Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Компаниите ќе останат цели два месеци без пари, Владата се правда дека немала ингеренции

Бизнисот оставен на цедило. Компаниите два месеци ќе кубурат со пари затоа…

Сподели:

Бизнисот оставен на цедило. Компаниите два месеци ќе кубурат со пари затоа што нов пакет мерки можат да очекуваат дури во септември по формирање на новата влада – потврди Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска. Таа вели дека во моменталната ситуација додека траат преговори за коалициска Влада не може ништо да се стори за помош на бизнисот. Сепак тековно се разговарало со стопанските комори за следните мерки за поддршка. Во 4-тиот пакет мерки, фирмите очекуваат продолжување на помошта за исплата на 14.500 денари по вработен, додека платежни картички од 3 и 9 илјади денари треба да има и за пасивните невработени и пензионерите со примања до 15 илјади денари.

Меѓу компаниите кои бараат помош има и такви што не ги исплатиле добиените пари. Управата за јавни приходи открила милионски злоупотреби со државната помош. Газди земале пари за исплата на 14.500 денари по работник, но не им дале ниту еден денар на вработените. 708 фирми во април и мај  добиле, но не префрлиле над 385 илјади евра на сметките на работниците. На овој начин, оштетени биле 1.706 работници кои не примиле плата. Од нив, 722 не добиле плата во април, а 984 во мај. Најголем дел од компаниите кои ги вршеле злоупотребите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна и транспорт. Меѓу компаниите кои ја злоупотребиле државната помош има и еден медиум. Најголем дел од овие фирми се од Скопје, Ттеово, Гостивар, Струга и Куманово. УЈП веќе ги опоменала фирмикте да ја исплатат платата во определените рокови, во спротивно ќе следи присилна наплатаи глоби, како и јавно објавување на имињата на компаниите.

УЈП дополнително ќе ги соопшти податоците за злоупотребите со јунската плата. Рокот за исплата на плата истече на 15-ти јули. За да задржат 101 илјада луѓе на работа, помош за исплата на плата земаа речиси 18 илјади фирми. Владата не предвиде помош од 14.500 денари по работник за платата за јули и август.

Реклама

Тања Попова