Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Комисијата за земјоделство го прифати предлог-законот за органско производство, ќе се воведе каталог на мерки и ќе се зајакне системот за контрола

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го разгледа предлог-законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го разгледа предлог-законот за органско земјоделско производство во прво читање, оцени дека е прифатлив и го проследи на натамошно читање.

Со донесување на новиот закон, како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страница, се очекува подобрување на правната рамка преку појасни, попрецизни и поедноставни одредби, како што е воведување каталог на мерки што треба да се преземат во случаите кога постои сомневање или во кои е утврдена неусогласеност. Со овој предлог-закон за органско земјоделско производство ќе се зајакне системот за вршење официјална контрола благодарение на построгите мерки на претпазливост и пошироките проверки засновани на следливост на производот и ризик за целиот синџир на снабдување. Производителите во трети земји ќе мора да ги следат истите барања како производителите во ЕУ, како и олеснување на прометот со органски производи или производ во преод на Република Северна Македонија и Европската Унија.

Овој предлог-закон предвидува финансиски средства за годишната програма за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2026 година во проектиран годишен износ од 100 милиони денари во согласност со буџетот на нашата држава. Со цел исполнување на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување во ЕУ, произлезена е потребата од подготвување нов закон за органско земјоделско производство, кој ќе биде усогласен со регулативата (ЕУ) на Европскиот парламент и на Советот од 30 мај 2018 година за органско производство.

Реклама

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, истакна дека со ова предлог-законско решение треба да се обезбеди лојална конкуренција и да се дефинираат целите и начелата, преработката, складирањето, дистрибуцијата, продажбата, употребата на ознаки, но и инспекцискиот надзор врз органското производство. 

– Кои се нашите очекувања од ова предлог-законско решение? Со овој закон потребно е да се обезбеди, од една страна, рамка, но и основа за одржлив развој на органското земјоделско производство за сите оние земјоделци што ќе се одлучат на овој чекор и ќе почнат да се занимаваат со органско производство, од друга. Тоа е првиот момент. А вториот момент е да се овозможи раст на тие земјоделски производители, не само почеток, туку и одржлив развој за на крајот да овозможиме и раст на сите тие земјоделски производители што ќе го напуштат конвенционалното земјоделско производство и ќе преминат на органско производство. Што е тоа што се постигнува? Основно е дека треба да има позитивна инфлуенца врз животната средина, климата, внатрешниот пазар на органски производи мора да биде функционален, мораме да обезбедиме лојална конкуренција, да не доведеме да не се донесе решение такво што ќе овозможи нелојална конкуренција – рече Пенков.

Тој објасни дека органското земјоделско производство е систем на управување со фармите и производство на храна, каде што се комбинирани најдобрите практики во делот на зачувувањето на животната средина, во делот на зачувувањето на климата, на природните ресурси, исполнување исклучително високи критериуми при производството во делот на органското земјоделско производство. Сето ова, како што нагласи, „нè води до тоа секој земјоделски производител доброволно да може да се определи и да почне да се занимава со органско земјоделско производство на храна, меѓутоа треба добро да знае дека барањата во делот за органско земјоделско производство се разликуваат од барањата во делот на конвенционалното земјоделско производство“.