Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Колективниот договор за културата бил донесен без позитивно мислење од МФ, вели Мицкоски

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите.

– На владината седница на 31 декември годината кога поминал тој колективен договор немал позитивна согласност од Министерството за финансии. Треба тоа да го знае јавноста и културните работници, кои се манипулирани од мала група гласни луѓе кои се во првите редови. Мора да сме свесни дека за еден колективен договор ќе биде апликативен и применлив, мора да има позитивно мислење од МФ. Овој колективен договор нема, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање пори посетата на општина Ѓорче Петров. 

Тој е дециден дека буџетот за културата нема да се крати, но оти треба поголм дел од средствата да одат за проекти и програми.

Реклама

– Буџетот за културата се зголемува, но, не толку многу за програми и за капитални инвестиции, туку за нивните плати. Овој колективен колективен договор нема позитивно мислење за усвојување. Дури и министерка за финанси кога била на функција кога тој бил усвоен има дадено негативно мислење за овој колективен договор, дека средства во буџетот не се обезбедени, рече премиерот.

Вели дека иако не е правник и во одредени случаи не му се допаѓаат одлуките на Уставниот суд тие треба да се почитуваат.

-Јас не сум правник, но има Уставен суд. И мене можеби некогаш не ми се допаѓаат одлуките на Уставниот суд, но тој е конечна инстанца. Неговите одлуки не се коментираат, се применуваат. Јас навистина не можам да разберам како е возможно поедини структури во општеството да ја гледаат состојбата како шведска маса, ова ми се допаѓа, а ова не ми се допаѓа. Тоа што ми се допаѓа ќе го премолчам, тоа што не се допаѓа ќе го критикувам. Не може тоа така. Или ќе важи за сите истото правило или нема да важи. Замислете ако сите институции почнат да потпишуваат колективни договори без позитивно  мислење од МФ дека се озбедени средства што ќе се случи, потенцира премиерот Мицкоски.

Вели дека сите ние треба да имаме чувство и за државата, во случајот и за културата.

-Еве кажете дали некој има чувство кон оваа држава, еве и кон културата. Никој не го крати буџетот, но да оди во програми, оди во филмови, во театарски претстави, да се реновираат културните институции. Никој нема да го скрати. Тие се парите. Ајде за тоа да зборуваме. Зошто да не зборуваме дека имаме вработени во одредени театри коишто не играат претстава цела година? Еве зошто тоа не го зборуваме. Ајде за тоа да зборуваме. Се доведуваме во ситуација, на пример, правник во културна институција во некој град низ државата да има двојно поголема плата од правник во Министерството за култура. Некои работи треба да ги доведеме во ред ако самае да имаме држава, ако сакаме да си играме држава еве тоа е начинот, истакна премиерот.

Синдикатот за култура на Македонија (СКРМ) вчера одржа протест пред Министерството за култура и туризам, од каде порачаа дека не бараат нови права, туку почитување на веќе постигнатите договори.