Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Кој е амбасадорот Радуков: Еден од творците на францускиот предлог и протоколите со Бугарија

А кој е бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков, кој од неодамна стапи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А кој е бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков, кој од неодамна стапи на функција, и сега одби да ја прими протесната нота. Според информации на бугарското министерство за надворешни работи тој е дипломат од кариера со искуство во повеќе области на односите меѓу Бугарија и земјите од Западен балкан.

Професионалната кариера ја почнал во директоратот на Бугарското МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди бил одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.

Во Македонија, Радуков бил трет секретар во Бугарската амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во амбасадата на Бугарија во Белград.

Реклама

Од 2021 година радуков е одговорен во Бугарското МНР за Македонија и тоа и за билатералните односи, но и за европскиот контекст. Радуков имал клучна улога и во креирањето на таканаречениот француски предлог, вклучувајќи ги билатералните преговори за протоколот од вториот состанок на меѓувладината комисија, потпишан во јуни 2022 година. Радуков е и организациски секретар на мешовитата историска комисија со Бугарија.