Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за Кочани, испрашани над 300 лица

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство.

По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни.

-Засега толку можеме. И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Досега се расправашни голем број на сведоци, можеби над три стотини. Се надевам дека јавните обвинителите ќе ја завршат постапката предвидена со динамиката – рече Коцевски.

Реклама

Тој повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација.