Реклама

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Прилози

Коцевски ги отфрла обвиненијата за дисциплинска повреда, ќе се произнесол по предлогот за разрешување во разумен рок

Не постои основа за утврдување на тешка дисциплинска повреда и разрешување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои основа за утврдување на тешка дисциплинска повреда и разрешување од функцијата државен јавен обвинител.

Љупчо Коцевски ги отфрла сите наводи во владиниот предлог за негово отповикување. Го примил, го разгледал и тврди дека се било неосновано. И покрај сите скандали и стопената доверба на граѓаните во судството, сепак тој не гледа зошто би требало да биде разрешен.

Покрај тоа што Владата има намера да го разреши Коцевски поради катастрофалните резултати од неговата работа, тој се соочи и со кривична пријава која што му ја поднесе суспендираниот виш обвинител Мустафа Хајрулахи. Кривичната е против Коцевски и уште тројца обвинители кои во дисциплинска постапка го суспендираа Хајрулахи поради сомнеж за малтретирање на колеги во Вишото обвинителство. Вишиот обвинител со месеци обвинуваше дека добива закани и напаствија од Коцевски како да постапува во одредени предмети. Државниот обвинител тврди дека не постои кривична одговорност кај него и кај колегите за суспензијата на Хајрулахи.

Реклама

Инаку Коцевски е избран за обвинител пред точно една година. Тој ги преспа речиси сите месеци и не отвори истрага за ниту еден скандал во кој беа вклучени функционери од претходната власт ан СДСМ и ДУИ. ДОсега за сомнежите за милионските криминали во неколку државни институции, јавноста слушна само за предистраги, а ниту еден функционер не заврши зад решетки. Коцевски го разбуди америнаската црна листа и новите имиња од ДУИ, но и најавите дека ќе биде разрешен поради заштита на корумпирани политичари.