Реклама
Македонија

Кобниот судар отвори дилема: Дали 76-годишници треба да возат камиони?

Неприлагодена брзина и губење контрола над тешкиот камион – се главните причини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неприлагодена брзина и губење контрола над тешкиот камион – се главните причини за кобната сообраќајна несреќа во која загинаа четири луѓе. Според проценките на обвинителството, 76 годишниот возач на камионот не успеал да го контролира возилото ја пробил металната ограда, преминал во спротивната лента и директно се судрил со автомобилот „БМВ“, кој се движел во својата насока. По силниот удар, двете возила се запалиле. Јавното обвинителство го гони возачот на камионот за тешко кривично дело против безбедноста на луѓето. Бидејќи возачот е странски државјанин, а постои опасност да избега, обвинителите побараа тој да оди во притвор.

“Јавниот обвинител го товари 76-годишниот возач за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор” се вели во соопштението од ОЈО.

Трагичната несреќа што однесе четири животи отвори сериозно прашање – дали 76-годишен возач треба да управува со тежок камион? Докторите предупредуваат дека возраста и хроничните болести можат сериозно да влијаат врз способноста за управување со тешки возила.Д-р Бојан Трајковски вели треба да има прецизни закони, построги контроли за повозрасни возачи на камиони и автобуси, за да не се повторуваат вакви фатални несреќи.

Реклама

Во Македонија нема граница на години до кога едно лице може да управува возило, сепак членот 304 од законот за безбедност на сообраќајот на  патиштата регуилира дека над 70 години, возачка се издава до 75 годишна возраст и потоа се обновува повторно со рок од важење од 5 години. Тој рок може да биде и пократок по мислење од лекар.