Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Коалицијата на Египќани ќе го поддржи Кирил Пецаков на претстојните избори

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ ќе го поддржи предложениот кандидат за Градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ ќе го поддржи предложениот кандидат за Градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како и сите други предложени кандидати од политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ. Во Охрид, Ресен, Струга, Битола и други места Египќаните се одлучувачки фактор, особено во Охрид и Ресен каде што Египќаните се втора по бројност етничка заедница.

Како НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ изразуваме големо задоволство од досегашната пријателска, коректна и конзистентна соработка со Градоначалникот на Охрид, Д-р Кирил Пецаков. Очекуваме негова победа уште во првиот круг, имајќи го во предвид фактот дека се работи за исклучително квалитетен кандидат, кој и досега покажа дека го сака Охрид и Охриѓани, покажа лидерство, визија и инвестиција во Мултиетничката демократија.

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ, и очекуваме во блиска иднина истиот да се повтори и со актуелниот Премиер и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски.

Реклама

Таа соработка е основ и за поддршка на сите предложени кандидати за Градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Дипломиран правник Демир Далип.