Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Коалиција Вреди: Иронијата е очигледна, токму Левица што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“

Коалицијата Вреди со потсмев го гледа обидот на Левица, партија позната по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата Вреди со потсмев го гледа обидот на Левица, партија позната по говор на омраза, анти-НАТО ставови и ултранационалистичка реторика, да држи лекции за соживот и толеранција. Иронијата е очигледна, токму тие што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“, се вели во соопштението на Коалицијата Вреди.

Во нашата кампања, ниту еден кандидат на ВЛЕН не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето. 

А вистинската иронија е што ДУИ, преку својот нов коалиционен партнер – Левица, избра да се фати за партија анти-НАТО, доживувајќи ја како последна сламка за политички спас. Таа комбинација на очај и лицемерие веќе доби одговор на 19 октомври, кога граѓаните со јасна порака им ја покажаа вратата и на едните и на другите.

Реклама

ВЛЕН останува единствената коалиција што доследно ги брани евроатлантските вредности. Затоа, секој обид ВЛЕН да се стави на исто рамниште со екстремистички партии е смешен уште од самиот почеток. Наместо да бараат внимание со лажен морализам, во Левица нека најдат храброст да побараат извинување за годините ширење омраза и поделби што им оставија трајни лузни на ова општество.