Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани од ФЗО осигурени лица во МВР

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детаљна контрола на боледувањата на вработените во МВР, со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив има неправилности во издадените боледувања (речиси 37 отсто), односно 100-ина боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни (речиси 20 отсто).

Ова денеска го соопшти генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека контролирани се 105 приватни здравствени установи, главно ординации по општа медицина (98), како и неколку по гинекологија и акушерство (четири) и стоматологија (три). Неправилности биле констатирани кај 29 здравствени установи (27 од општа медицина и две од гинекологија), од кои биле издадени овие 100 неуредни боледувања. Контролирани се и првостепените и второстепените лекарски комисии за долгите боледувања. ​

Тој посочи дека неправилности се констатирани и кај три специјалисти во јавни здравствени установи, значи тоа се боледувања издадени врз основа на специјалистички извештај, а констатирани се неправилности во издавањето кај две првостепени лекарски комисии во два града. Најчесто, појасни тој, се работи за неисполнување задолжителни дијагностички постапки за издавање боледување, чисто како илустрација: ако е лумбаго, треба да има рендген-снимка за да се потврди дека е лумбаго.

Реклама

Десет од овие 29 лица менувале матични лекари за време на боледување, што бил еден од показателите дека има проблем. Најголем број злоупотреби се правеле во испрекинатите боледувања, односно оние што траеле седум дена, и тие лица менувале матични лекари.

Од вкупниот број боледувања, 258 траеле до седум дена, 171 до 15 дена, а 83 биле во траење од 30 или повеќе дена, а најчесто користени дијанози при нивно издавање биле болести на респираторниот систем (82 случаја), на мускулниот систем и сврзното ткиво (69 случаи) и на дигестивниот систем (45 случаи).

– За овие неправилности се поведени казнени постапки. Вкупната казна изнесува 1,2 милион денари за овие приватни и јавни здравствени установи, кои беа опфатени со контролата. Ова е мал дел од извршените контроли. Вршиме редовни контроли по барање на работодавачите. Цело време постапуваме по барања за контрола на боледувањата, а најчесто се од МВР, Царина и Одбрана. Ние имаме високо ниво на боледувања и во јавното здравство – рече Клековски.

Според него, во најмалку две клиники во овој момент 20 отсто од вработените се на боледување, но ЈЗУ не бараат контрола на боледувањата. Појаснува дека мора некој да побара за да извршат контрола бидејќи не се прави контрола по допрен глас, туку мора работодавачот да побара да се контролираат боледувањата.

Потенцира дека одобрен е двегодишен европски проект за интероперабилност на ФЗО и „Мој термин“ и едно од приоритетните подрачја за ФЗО ќе бидат боледувањата и додаде дека неопходен е интегриран систем на боледувањата за да знаат колку боледувања има во земјата бидејќи оние што се до 15 дена се регистрирани само во „Мој термин“ и Фондот нема пристап, а оние што се над 30 дена ги имаат затоа што ги исплаќаат.