Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Клековски: Побиени се параноичните кампањи на СДСМ и ДУИ за наводна проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ

Првите надворешно-политички чекори на новата Влада се со САД и Велика Британија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите надворешно-политички чекори на новата Влада се со САД и Велика Британија, што директно ги побива параноичните кампањи на ДУИ и СДСМ за наводна руска закана и проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски.

„Со договорот со Велика Британија се обезбедуваат финансии за значајни сектори за Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати нагласува дека здравството е еден од врвните приоритети за оваа Влада и тоа се покажува на дело. Во првиот пакет проекти кои се договараат се завршувањето на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет и нов студентски дом во Штип, како и завршување на кичевската болница која заедно со струмичката болница е рекордер по должината на градење, двете се почнати пред повеќе од 30 години. Се планира и реконструкција на Клиничката болница во Тетово“, рече Клековски.

Тој посочи дека финансиската рамка од 6 милијарди евра, од кои во првата фаза ќе се искористи една третина, покажува дека Министерството за финансии внимава на нивото на задолжување.