Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.

– Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, истакна Клековски.

Реклама

Во врска со информациите дека се доцни со исплата на капитации за матични доктори тој рече дека нема задоцнување во исплатите.

– Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари и исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето, посочи Клековски.

Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.