Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Ќе отвори ли обвинителството постапка по пријавите на бизнисменот Киро Тошевски?

Предистражна постапка – во оваа фаза бил предметот во обвинителство за кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предистражна постапка – во оваа фаза бил предметот во обвинителство за кој неколку кривични пријави има поднесено Киро Тошевски, човекот кој тврди дека премиерот односно неговиот брат, преку манипулации и трети луѓе сакаат да  му го земат имотот и објектот голем 12 700 метри квадратни, помеѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.  Тошевски поднел пријави за лихварство, за измама, и против „Настел“, односно неговиот сопственик Азманов  и против докторите Марјан Стојовски и Влатко Цветановски.

-Надлежниот јавен обвинител издаде наредба до Министерството за внатрешни работи, БЈБ – Единица за економски и компјутерски криминал за прибирање на докази релевантни за утврдување на фактичката состојба. По наредба на јавниот обвинител, МВР изврши разговори со пријавителот и со сите пријавени лица, а комплетната документација е доставена до обвинителството. Во моментов се врши анализа на прибраните материјали и на доказите доставени од подносителот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, велат за Алфа од обвинителство.

Азманов вчера демантираше дека воопшто во име на Заеви настапил пред Тошевски со намера да го купи имотот на Тошевски. Всушност Азманов е дециден дека не сакал никогаш да го купи. Тошевски сведочи оти самиот му признал со која намера ја прават зделката.

Реклама

-Третиот посредник, Азманов. Истата приказна, истиот настап. Азманов веќе ги отвара картите со мене. Ми кажува конкретно дека позади овој проект стои болница, СДСМ-овска болница, „да се правиме будали, знаеш дека позади ова стои Вице, а ти затоа што со попуштил во цената ќе бидеш до века лекуван кај нас“. Потоа веќе преземаат докторите, едниот е гинеколог – тој е директен актер или спотер меѓу Заев и Азманов, но и еден од круцијалните играчи за да успее овој проект – Марјан Стојовски. А другиот доктор е Влатко Цветановски, вели Тошевски.

Докторите одбраа да не зборуваат. Стојовски рече дека нема да биде во можност да ни одговори на прашањата, а Цветановски не возврати на нашите повици и испратени прашања. Но премиерот вчера се произнесе. Сакал да му помогне на Тошевски, затоа комуницирал со него. Демантираше дека брат му Вице има некаква врска.

-Може тој да објасни се, слободно, очигледно ја давале понудата (Тошевски) насекаде во државата, на деловни луѓе, па давана е и таму, но ние немаме никакви допирни точки на комуникација. Јас го прашав брат ми дали е нешто конкретно разговарано, он вика да човекот понуди таква локација но рече „бате ти знаеш оти ние такви бизниси немаме за развој“. Па ако може да ја понудат на некој, секој пат сите не може да ја понудуваме-тоа е комуникацијата, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на 11.12.2019.

Вице Заев пак ни одговори дека „секојдневно добивал различни понуди за градежни земјишта, од различни бизнисмени, па немало логика да влегува во нешто што не го сака, мислејќи на имотот на Тошевски, злоупотребувајќи го името на својот брат“.

Искра Коровешовска