Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Економија

Ќе остане ли Македонија без работници од 1 март кога Германија ги отвора вратите за земјите од Западен Балкан?!

Ќе остане ли Македонија без работници од 1 март кога Германија ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе остане ли Македонија без работници од 1 март кога Германија ги отвора вратите за земјите од Западен Балкан. Бизнис секторот стравува дека и онака малкуте професионалци кои се дома ќе ја напуштат земјава.

Дополнително работата ја кочи и големиот јаз меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд, зашто само 12 од 100 студенти кои се запишале на факултет ќе најдат работа согласно струката, алармира бизнис секторот. За надминување на ова, потребни се промени во образовниот систем, мерки, практично учење и пракса на работникот, а не само вработување без продуктивност.

Главениот извршен директор, Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски, вели дека според информациите со кои располага од секои 100 запишани студенти 12 ќе најдат работа која одговара на нивните квалификации.

Реклама

– За надминување на ваквите состојби се потребни флексибилни курукулуми во образовните институции и средните стручни училишта што значи дека работодавачите ќе бидат вклучени во креирање наставни програми. Исто така, мора да се подобрат информациите што ги добиваат младите кога одлучуваат што ќе студираат, да се зголеми учење преку работа и практичната компонента, како и натаму да се развиваат услугите на Агенцијата за вработување, рече Мојсовска Блажевски.

Експертите велат дека земјава има квалитетни кадри, но нема кој да ги плати. Алармираат државата под итно да направи нешто, ако сака младите да останат дома.

– Постои потреба да се почитуваат и работниците и работодавачите. Нивните интереси често се различни, но неопходно е и да бидат балансирани и усогласувани. Се работи за различни интереси, но од друга страна се преклопуваат во создавање нова вредност. Постои дискрепанца меѓу понудата и побарувачката на работа и тоа бара усогласување, особено во делот на образованието, а работодавачите треба да бидат партнери, да вложуваат, рече Јован Пејковски, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Ристо Иванов, претседател на „Креација“, Здружение за бизниси и консултанти, вели дека на годишно ниво има потреба од 18.000 нови вработувања или одржување постојни работни места и оти постојано меѓу 6.800 и 8.000 се непополнети огласени работни места.

– Околу 80% од вкупниот број потребни работни места годишно се за испразнети работни места, а не места резултат на раст и развој, вели Иванов.

Додава дека постои недоверба меѓу работодавачите и работниците, поради што, според него, е неопходно да се дефинира што точно ќе работи невработениот со јасни односи и потпишани договори. На тој начин, вели Иванов, ќе им се помогне не само да се вработат, туку и ќе знаат како ќе заработуваат во текот на работата.

И додека платите во Македонија се најниски и најмалку растат во споредба со земјите од регионот, граѓаните од Западен Балкан во Германија заработуваат од 1.400 евра до 4.000 евра месечно, за осум часови работа, пет работни дена неделно. Па така добар дел од Македонците не ни размислуваат да останат дома за едвај да преживуваат, туку купуваат билет во еден правец.

За реално да се подобрат состојбите на економски план, бизнис заедницата предупредува дека потребано реално, а не само декларативно да се работи на приближување кон европските стандарди.

Борис Грујоски