Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Кисела Вода го одбележува Светскиот ден на книгата со вредна донација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, градоначалничката на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на свеченост во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Во рамки на настанот, директорот на НУБ, Јовица Никчевски, на Општината ѝ врачи значајна донација од 25 правописи по македонски јазик и 250 книги од различни автори, наменети за збогатување на фондот на училишните библиотеки во Кисела Вода.

Настанот беше одбележан со музичко-литературни изведби на учениците од општинското основно училиште „Круме Кепески“. За нив, институцијата овозможи специјална едукативна обиколка низ библиотеката, запознавање со нејзиното функционирање и историски развој, како и директно учество во работилница посветена на заштитата и промоцијата на старите ракописи.

Реклама

-Одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право токму во најзначајната национална установа од областа на библиотечната дејност, претставува особена чест за Општина Кисела Вода. Оваа вредна донација од правописи и бројни наслови е исклучително значаен придонес за збогатување на книжниот фонд во нашите основни училишта. Овие книги директно ќе им послужат на учениците и наставниците во унапредувањето на наставниот процес, проширувањето на знаењата и пред сè, во правилното негување на македонскиот јазик. Посебно сум горда што нашите ученици денеска имаа можност преку едукативна обиколка практично да се запознаат со историскиот развој на библиотеката и сложениот процес на заштита на старите ракописи. Ваквите искуства се од непроценливо значење за градењето на нивната свест за важноста на културно-историското наследство  – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода, како што посочи Стаменкоска Трајкоска, останува цврсто посветена на развојот на образованието, а оваа успешна соработка со Националната и универзитетска библиотека е вистински доказ дека преку заеднички заложби и институционална поврзаност создаваме реални и многу подобри услови за едукација на младите генерации.