Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Кина ќе се бори до крај во царинската војна со САД

Кина вети дека нема да попушти пред какви било уцени од САД.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кина вети дека нема да попушти пред какви било уцени од САД. Трамп вчера се закани дека ќе ги зголеми царините за увозот од Кина за дополнителни 50 проценти, односно за повеќе од 100 отсто, како одговор на најавените кинески рецепроцни царини од 34 отсто. Трамп првично најави царини за Кина од 34 проценти, кои со претходно воведените 20 отсто се зголемија на вкупни 54 проценти. Кина се најде меѓу државите кои Белата куќа ги опиша како „најлоши престапници“, наметнувајќи им царини повисоки од 10 отсто. Овие царини треба да стапат на сила утре, и Трамп порача дека нема да има нивно одложување, иако некои држави бараат да преговараат.

„Мерките од САД ќе поттикнат дополнителни контрамерки за американските стоки“.

Тврдењето на Трамп дека неговите царини се рецепроцни е неосновано и е типична еднострана насилничка практика, соопшти официјален Пекинг. За изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, дека ЕУ е подготвена да преговара за договор за царини „нула за нула“ со САД, американскиот претседател изјави дека оваа понуда не е доволна. Според него, ЕУ била многу силна низ годините и била формирана за да им нанесе штета на САД во трговијата. Европската унија и понуди на администрацијата на Трамп договор за царини „нула за нула“ за автомобили и други индустриски стоки, како што се фармацевтските производи и хемикалиите.