Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Кина ги зголеми царините за американските стоки на 125 отсто

Кина ќе ги зголеми царините за американските стоки што доаѓаат во земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кина ќе ги зголеми царините за американските стоки што доаѓаат во земјата од 84 отсто на 125 отсто, соопштија властите во Пекинг. Нема да има натамошни зголемувања на увозните давачки без разлика што ќе направи Вашингтон во иднина, додаваат тие.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за кинеските производи на 125% како одговор на мерките што Пекинг ги воведе поради претходните протекционистички економски потези на Вашингтон.
Трамп истакна дека зголемените давачки се со цел да се натера Кина да сфати дека „дерењето на САД и на други земји повеќе не е одржливо ниту прифатливо“.
Комисијата за царини на кинескиот државен совет денеска соопшти дека царините за американските стоки ќе бидат покачени последен пат, на 125%, почнувајќи од сабота, како одговор на давачките објавени од Трамп.
„Со оглед на фактот дека според сегашното ниво на царините, не постои можност за пазарно прифаќање на американски стоки што се извезуваат во Кина, доколку американската страна во иднина продолжи да воведува царини за кинеските стоки што се извезуваат во САД, кинеската страна ќе го игнорира тоа“, се вели во соопштението.