Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Кичево ги проби етничките бариери: Јовановски ги обедини Македонците и Албанците за да запре дивеењето на Дехари

После 12 години Кичево доби градоначалник кој не припаѓа на доминантното етничко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 12 години Кичево доби градоначалник кој не припаѓа на доминантното етничко мнозинство, но успеа да ги сплоти сите граѓани. Доктор Александар Јовановски ги надмина етничките бариери и го симна од власт Фатмир Дехари кој три мандати раководеше со Кичево.Тој доживеа пораз,не му помогнаа нити полните автобуси и авиони со нашинци од дијаспората. Кичево е мултиетнички град, граѓаните овојпат се обединија околу заедничките вредности-велат кичевчани,кои од новиот градоначалник очекуваат светла иднина.

Анкета :”Алал да му е што избра граѓанска опција,а не партиска и затоа граѓаните излегоа и му ја дадоа поддршката. Кичево остана слепо црево до сега со сега градоначалници,очекувам да го среди градот.-Како личност добар е, затоа сите граѓани го сакаме.Што треба да направи за Кичево? За младите да има запослување, младите да не ни бегаат странство.-Патишта, улици да се направат, инфраструктурата да се поправи, да има повеќе вработувања,младите да не ни бегаат, економијата да се зголем.- 4.Не гледаше тој ни муслимани ни христијани сите заедно не обедини.Од него очекуваме многу.-Изминативе 12 години беше башибозик со шерифи низ градот кои правеа се што нема смисла да се прави.Се надевам, сите се надеваме дека  светла идина ќе има Кичево и заслужува да има и да биде пример за цела Македонија “

На синоќешната прослава во победнички амбиент на општо задоволство на сите, се пееше македонската химна,а присуствуваше и премиерот Мицкоски.Ова е наша заедничка држава и и заедно ќе си ја градиме,лошите денови се минато,потрача премиерот честитајќи му ја победата на Јовановски.

Реклама

 “Тоа е веќе минато,заборавено минато кое што никогаш нема да му се повтори на овој наш преубав заеднички град Кичево.А ние како влада заедно со него ќе сториме се што можеме и се што е во наша моќ да реализираме многу проекти кои што ќе значат подобар живот за кичевчани и модерно поубаво Кичево”- рече премиерот Христијан Мицкоски

Кичево е интересна средина вокоја се испреплетени многу култури, вери и нации затоа сме богати истакна новиот градоначаник на Кичево,кој на граѓаните им вети убав живот.

“Ми го наполнивте срцево со тоа што ми ја дадовте довербата,не гласавте за мене како за македонец,гласавте за мене како за човек кој ќе ви пружи подобра иднина.Никаква нема да правам етничка, политичка нити пак верска разлика,ние сме сите кичевчани,живееме тука со векови и сакаме да ни е убаво”-рече  Александар Јовановски-градоначаник на Кичево

Јовановски ја однесе победата во вториот круг со разлика од 2020 гласови предонос во однос на Фатмир Дехари.