Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Кешишев: Бев како десна рака на Палчо, но не бев свесен за плановите што доведоа до убиството

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев, одговарајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев, одговарајќи на прашања од судијата Ивица Стефановски, изнесе исказ во кој откри детали за настаните поврзани со киднапирањето и убиствата на Панче и Вања. Тој сведочеше за својата улога во партијата „Десна“ и за настаните кои довеле до трагичниот исход.

Кешишев објасни дека бил домар во политичката партија „Десна“, каде што престојувал. Потврди дека готвел храна за Палчо, за себе и за другите, а за гостите и симпатизерите служел кафе и сок.

Одговарајќи на прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, изјави: „Да, му бев како десна рака“.

Реклама

Во одговор на прашањето за подготовките за киднапирањето на Панче, Кешишев раскажа дека слушнал истрел, но нагласи дека бил далеку од местото на настанот. „Кога беше убиен Панче, бев многу далеку и не знам што се случуваше“, рече тој. Кешишев нагласи дека не бил свесен за плановите кои довеле до убиството.

Во својот исказ, Кешишев истакна дека бил предупреден да молчи за случувањата. „Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека ‘за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат’,“ сведочеше тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Прашан на основа на што ја темели претпоставката дека во ранецот што го носел Палчо бил пиштолот, Кешишев одговори: „Мојата претпоставка е дека тој би се забележал на појасот на тој што го носи“. Кога беше прашан дали тоа значи дека се носи пиштол за да се грабне Панче, изјави: „Не знаев додека не се случи сето тоа што се случи“.

Прашан на што ја базира претпоставката дека пиштолот го има Боре, Кешишев одговори дека заклучокот го извел од она што било зборувано во судницата. „Според она што се зборуваше, дека пиштолот бил на Боре, Боре призна дека има пиштол, не знае каде е, по таа логика помислив дека е негов“, рече тој.

Кешишев потврди дека снимките кои беа прикажани на судењето се од моментот на грабнувањето.

Во одговор на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено со WD40, Кешишев одговори: „Не видов, мислам не“.

По сослушувањето на Кешишев, на судењето се очекува да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на Панче Жежовски во Велес било изведено со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“, кое планирале да го искористат за грабнувањето на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.