Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Ќе се утврдува одговорност за убиството во Бардовци

„Монструмот“ од болницата во Бардовци и бруталното убиство направено со убоди од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Монструмот“ од болницата во Бардовци и бруталното убиство направено со убоди од стаклено шише е потврда дека освен пари во здравството треба сериозно да се инвестира и во човечки ресурси за да не се случуваат вакви трагедии.

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека во тек е постапка за утврдување на одговорност за бруталното убиство кое го изврши 35 годишниот Димитар Спасов од Неготино и со стаклено шише го усмрти 62-годишниот И.Т од скопско Љубанци. Алиу вели дека уште пред месец дена алармирал за потребата од инвестиции за болница во Бардовци, но и дека се преземаат сите мерки за да се расчисти случајот.

Постапката на надлежните треба да даде одговори дали убиецот претходно слободно се шетал на слобода и вработените во Бардовци го пријавувале за проблематичното поведение, како што објавија дел од медиумите.

Пред два дена, Спасов крвнички со стаклено шише го удирал 62 годишниот пациент кој од силните удари паднал во бесзонание. Тој веднаш бил пренесен на Клиничкито центар во Мајка Тереза, но за жал, по еден час подлегнал на повредите.
Тој бил насилник, за што сведочат и снимките кои сам ги споделувал на Фејсбук. На друго видео што самиот го обајвил се слуша како на цимер од собата му му дава насоки да претепа пациент.

Реклама

Инаку, Димитар Спасов по вторпат ја згрозува јавноста со убиство. Тој е осуден пред повеќе од една деценија за убиство на мајка си кое го извршил коога имал 23 години, во стан во центарот на Неготино.

Мајка му на Спасов имала десетина убоди од нож по вратот, стомакот и градите Уште по грозоморно е тоа што тој беше фатен од комунални работници кога во контејнер го фрлал трупот облеан во крв. Откако приведен го признал убиството.

Димитар тогаш бил студент на Факултетот за физичка култура во Скопје, а вежбал и кикбокс. Мајка му била хигиеничарка во здравствен дом, а татко му бил стоматолог, но починал неколку години пред убиството.Синот монструм дури се пофалил и на „Фејсбук“ дека ја убил мајка си.