Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Ќе се стави ли крај на војната во Украина? – Утре почнуваат преговорите

Преговорите меѓу САД и Русија за прекин на огнот во Украина ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преговорите меѓу САД и Русија за прекин на огнот во Украина ќе започнат во Ријад, Саудиска Арабија, откако на иста маса ќе седнат руска и американска делегација. Директно вклучен ќе биде и украинскиот претседател Володомир Зеленски, а тоа го потврди и првиот човек на САД, Доналд Трамп.

„Се обидуваме да постигнеме мир со Русија, Украина и работиме многу напорно на тоа. Тоа е војна што никогаш не требаше да започне. Мислам дека Путин сака да престане да се бори. Го гледам тоа. Сакаат да го завршат ова брзо и двајцата, и Зеленски го сака тоа“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Украинскиот претседател, пак, претходно, за американската NBC, изјави дека не прифаќа одлуки за судбината на неговата земја – донесени без него, односно без Украина.

Реклама

„Никогаш нема да прифатам какви било одлуки меѓу САД и Русија за Украина. Никогаш. Нема ниту еден лидер во светот кој навистина може да се договори со Путин без нас, за нас“ вели Володимир Зеленски, претседател на Украина

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, соопшти дека министерот за надворешни работи Лавров и советникот на Путин за надворешна политика, Ушаков, заминуваат за Ријад по инструкции на шефот на руската држава.

„Се очекува во вторник во Ријад да одржат состанок со американските колеги, кој пред сè ќе биде посветен на обновување на целиот спектар на руско-американските односи“ вели Песков

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон, иницираше средба на европските лидери на вонреден самит во Париз – на тема плановите на Трамп да стави крај на руско-украинската војна. По политичката шлаканица во Минхен во говорот на Џеј Ди, и стравот да не бидат исклучени од целиот процес на тема Украина, ги натера европските политички структури да разговараат како да се постават во целата ситуација.  Состанокот на европските лидери доаѓа неколку дена по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега, односно нивната одлука директно да разговараат за Украина.

Давид Крстевски