Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

Ќе се намалат гужвите на Богородица – Тошковски најавува две нови ленти на граничниот премин

Чекање со часови, нервозни патници, километарски колони, пеколни температури – секоја година…

Сподели:

Чекање со часови, нервозни патници, километарски колони, пеколни температури – секоја година иста слика на граничните премини со Грција. И изминатиот викенд се чекаше по 4 до пет часа за да се премине границата. Но министерот Тошковски има план како да  се реши деценискиот проблем.  Ќе бидат пуштени две нови ленти за излез од Македонија кон Грција и една лента за влез за товарни возила од Грција кон Македонија. Министерот со тим од експерти направил обиколка до границата кон Грција и уверува дека ќе направат  се што е во нивна надлежност за да се овозможи побрз транзит  на патниците. Во блиска иднина, се планира товарниот соосбраќај да биде целосно отстранет од постоечките ленти на Богородица.

До крајот на неделава се очекува и пуштање во употреба на one stop shop na границата со Србија. Досега, овој начин којшто овозможува побрз проток на патници е воспоставен на двата гранични премини кон Косово и според информациите на министерот, дава одлични резултати. Се поминува брзо и без ниаккво чекање. Исто така, македонското МВР е во интензивни преговори со Албанија за имплементација на one stop shop на граничните премини со оваа земја.

Побрз проток на патници и единствена контрола при влез на патниците во земјава се бенефитите од функционирањето на системот One stop Shop. Доколку овој систем се воспостави и кон Албанија, многу побрзо ќе се поминува границата со западниот сосед.