Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Ќе се гради ли со истечна градежна дозвола хотелот кај Горица?

Македонската Асоцијацијата на архитекти барада прекине постапката за градење на хотел во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Асоцијацијата на архитекти барада прекине постапката за градење на хотел во Горица се додека не се направи увид во плановите и проектите за хотелот, кој треба да го замени постојниот ресторан “Парк” кој е дел од охридското архитектонско наследство на 20-тиот век.Управниот одбор на асоцијацијата на архитекти бара стручна анализа со вклученост на експертската  јавност со цел да се види дали изградбата на хотелот со висина од 13,5 метри на 3 ката и потпокрив е во согласност со законските уредби,пропишани правила и прописи?

Дополнително, проблемот се усложнува и со фактот дека се отпочнати дури и градежни активности и покрај тоа што е надминат законскиот рок за отпочнување со градба најмногу две години од издавањето на одобрението за градење согласно Член 66 од Законот за градење. Во него се пропишува дека доколку е надминат рокот издаденото одобрение за градење е неважечко, а идната градба бесправна- велат Асоцијација на архитекти на Македонија.

Во потребната документација за изградба на хотелот која се прибавувала цели 9 години,стои дека на 6.јули 2018-та е добиено правосилно одобрение за градење.И покрај ова,градоначалникот Георгиевски за кого нема ништо спорно во изградбата на хотелот,го прашавме дали има документ кој потврдува дека пред да се усвои урбанистичко планската документација имало јавна расправа?

Реклама

За каква јавна расправа ме прашувате ? За изградба на хотел со вакви габарит и на ваква атрактивна локација дали имало јавна расправа?  За јавна расправа за донесување на локална планска урбанистичка документација ме прашувате?За во 2009-та година да Ви одговорам дали имало јавна расправа? Дали проверивте,дали имало ? Имало важечка планска документација донесена во 2009-та година ,тоа е одговорот-рече Константин Георгиески-градоначалник на Охрид. 

За експерите меѓудругото е спорно и решение со кое се одобрува елаборатот за заштина на животна средина издадено пред 11 години,како и водостопанската дозвола издадена пред 5 години.

Изградбата на хотелот со ваков габарит и на ваква локација е претуркано на мала врата, пред да се донесе урбанистичкиот план за крајбрежејето.Од Асоцијацијата на архитекти чекаат одговор на прашуваат дали за ова се произнела Националата комисија на Унеско? 

Росица Голабоска