Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Ќе позајмиме 700 милиони евра за да вратиме 500 милиони стари долгови – ќе има нешто и за вакцини

Владата и официјално ги задолжи граѓаните за нови 700 милиони евра. Толку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и официјално ги задолжи граѓаните за нови 700 милиони евра. Толку „тежи“ најновата 8-ма еврообврзница која беше издадена вчера. Еврообврзницата  со рочност од 7 години ќе се враќа со камата од 1,625%. За министерот за финансии Фатмир Бесими ова задолжување не е драматично, бидејќи со 700 милиони евра летово ќе се враќа еврообврзницата од 2014-та тешка 500 милиони евра земена со многу повисока камата од 3,975%. Потенцира дека нето задолжувањето од оваа еврообврзница било „само“ 200 милиони евра, пари кои ќе се искористеле за набавка на вакцини и други потреби во здравството. Се правда дека позајмувањето пари на надворешниот пазар било пракса и во околните држави. Издавањето еврообврзница во март не било прерано за нови задолжувања.

И додека владата се задолжува, јавниот долг расте. На крајот на минатата година достигнал 6 и пол милијарди евра или 60,2% од БДП, а државниот долг 53,2%. Сите позајмувања на пари годинава треба да резултираат со енормно зголемување на јавниот долг до 63,6% од БДП. Бесими повторно не е загрижен. Тврди дека економијата закрепнувала, па од следната година ќе почнела консолидацијата на државните финансии. Сепак, потврдува дека ова нема да биде единственото задолжување до крајот на годинава.

Бесими упорно уверува дека биле потрошени дури 95% од парите наменети за помош на граѓаните и стопанството во претходните антикризни. 300 милиони биле искористени само од буџетот, но остатокот од огромната сума што надмина една милијарда евра биле позајмени средства, потрошени за реализација на кредитите од развојната банка, државна гарантна шема и слични мерки.

Реклама

Тања Попова