Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Катастрофална инфраструктура-железницата пропаѓа, автопатите не се градат

Уништени пруги, локомотивите дециниски, железничкиот сообраќај во државата е во хаос.Владата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уништени пруги, локомотивите дециниски, железничкиот сообраќај во државата е во хаос.Владата во заминување не го исполни ветрувањето за реконструкција и осовременување на железниците. Повеќе од месец дена се уште е блокирано кај Градско, а патниците кои тргнале со воз, се превезуваат со автобус.  И додека Србија излезе со план за изградбата на пругата од Ниш до македонската граница, кај нас допрва ќе  се започне со работа на студијата за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе барат средства од Европската унија.

 „Веќе ќе започнеме со работа на студијата за таа железничка пруга, на проектирање на основниот проект со сите процедури коишто претстојат за да биде реализирана согласно план, процедура, проектирање„ изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

  И во патната инфраструктура работите не одат глатко.  Се уште тапка во место изградбата на автопатот  Кичево-Охрид, кој почна да се гради уште пред десетина години.  До крајот на неделата Бочварски се надева дека ќе го добие извештајот на експертите, по што ќе се знае дали  ќе има раскинување на договорот со кинеската компанија Синохидро.

Реклама

  „Се уште не можеме да зборуваме за раскинување на договор, не можеме да зборуваме за идните чекори се додека тој извештај не биде разгледан и при тоа не биде донесена одлука од страна на Владата„ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Денеска Бочварски најави нов рок за финализирње на брана на река Отиња во Штип. Наместо до јануари 2024 како што беше планирано, сега очекуват да биде готова до крајот на наредната година. 

Александра Ристеска