Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно протестираа поради неисплатената плата за септември. Од 8 до 11 часот ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Најавуваат дека ако во текот на денешниот ден не ја добијат платата, утре, од 7 до 9 часот, ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

– За жал, и покрај нашите напори да стапиме во контакт со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, односно со директорот, не успеавме, и начинот да го изразиме својот револт за неисплатена септемвриска плата е преку блокирањето на крстосницата кај Зоолошка и булеварот „Илинден“. Покрај неисплатената плата за септември, вработените се уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор или популарно К-15, ниту јубилејни награди, ниту отпремнина на оние вработени кои заминуваат во пензија, изјави претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој информира дека покрај протестите, имаат поднесено и пријави до Државниот инспекторат за труд, имаат поднесно кривична пријава против директорот за неисплата на регресот за годишен одмор и најверојатно, како што рече, ќе продлжат и со поединечни тужби од страна на вработените за се она што им следува по закон и Колективен договор, а не им е исплатено. 

Реклама

– Имавме најава дека платата ќе се исплати во петокот, а не се исплати. Доколку и денес повторно не се исплати платата за септември, вработените ќе продолжат со искажување на својот револт преку организирање протест. Од утрешниот ден протестите ќе бидат од 7 до 9 часот со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, појасни Кашиковски. Додаде дека не наишле на прием од раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.